Балкан
31. December 2016 - 9:10

Шредер: Србија може да влезе во ЕУ пред 2020 година

Поранешниот германски канцелар Герхрд Шредер изјави оти е јасна целта на српската Влада - Србија да стане членка на ЕУ до 2020 година, но тој лично оценува дека постои можност тоа да се оствари и порано, додека премиерот Александар Вучиќ не е таков оптимист. 

- Постои една многу важна цел и она што Владата на Александар Вучиќ сака да го оствари, а тоа е да стане членка на ЕУ до 2020 година. Јас дури мислам дека можеби постои можност, тоа би било она што го посакувам, да се оствари и пред тој рок, истакна Шредер. 

Тој наведе дека билатералните проблеми меѓу земјите на Западот и Балканот не треба да бидат услов или препрека за отворањето на ново поглавје. 

Вучиќ му се заблагодари на Шредер поради „убавите зборови“ нагласувајќи дека тој не е оптимист како него.