Македонија
18. July 2016 - 17:38

Шпионажа, злосторничко здружување и уцена - Ова се трите тешки кривични дела против Зоран Божиновски

Шпионажа, злосторничко здружување и уцена- ова се трите тешки кривични дела за кои и официјално е обвинет Зоран Божиновски. Обвинителството за организиран криминал ја завршило истрагата започната уште во 2013та. Обвинителниот акт денеска е доставен до Кривичниот суд.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против лицето З.Б., па по сеопфтно разгледување и анализа на прибраните докази, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерка притвор поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела и тоа: Злосторничко здружување од чл.394 ст.2, Шпионажа од чл.316 ст.3 в.в. со чл.45 и Уцена од чл.259 ст.2 в.в. ст.1 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик.

За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.04.2016 година.“

Божиновски беше осомниочен во случајот Шпион кој полицијата го отвори уште пред 3 години. Но беше недостапен за истражните органи и се криеше во Србија.

Српските власти ја одобрија неговата екстрадиција и тој беше доведен во земјава кон крајот на април годинава.

При апсењето, српската полиција запленила околу 2.500 нелегално прислушувани разговори од макеоднски политичари бизнисмени и јавни личности. Сомневањата се дека токму со нив, Божиновски со години се заканувал и вршел уцени.

За случајот Шпион беа приведени 18 лица. Сите беа прогласени з авиновни. Највисока казна доби првообвинетиот Марјан Ефремов кој според обвинителството бил мозок на групата која шпионирала з астрански служби а истовремено и уценувала и вршела изнуди.