„Шпигел“: Според таен извештај НАТО не може да се одбрани од Русија
НАТО нема да биде во состојба да одговори на евентуален напад од Русија, се вели во таен извештај на Алијансата во кој имало увид германското списание „Шпигел“.
Документот насловен како „Извештај за напредок во зајакнувањето на капацитетот за одвраќање и одбрана на Алијансата“ наведува значајни недостатоци во структурата на НАТО.
Командната структура на НАТО, која „атрофирала“ од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, е еден од клучните фактори што ги поткопуваат одбранбените капацитети на Алијансата, се вели во извештајот.
Дури и проширувањето на силите на НАТО за брза реакција, стои во извештајот, не успеало да овозможи тие да дејствуваат брзо и, доколку е потребно, одржливо.
Портпаролката на НАТО, Оана Лунеску, одбила да даде коментар за „Шпигел“ за ваквите информации, туку само изјавила дека силите на Алијансата сега се повеќе подготвени и поспособни од кога и да било во последните децении.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација