Шпанските власти бараат каталонските лидери да платат 5,2 милиони евра во врска со референдумот од 2014 година
Неколку дена пред одржувањето на новиот референдум за независност на Каталонија, шпанската управа за приходи побара од актуелни и поранешни каталонски лидери да уплатат гаранција како доказ дека ќе ги подмират трошоците од 5,2 милиони евра за организирање на претходното референдумско изјаснување за независност во 2014 година.
Шпанските власти ги прогласија за незаконски незадолжителниот референдум одржан во 2014 година, како и новиот закажан за 1 октомври.
На 5 септември управата за приходи побара каталонските лидери, вклучително и поранешниот премиер Артур Мас, од сопствени средства да ги покријат трошоците за организирање на референдумот во 2014 година.
Доколку иницијаторите за референдумотт не ги подмират трошоците, шпанските власти имаат право да конфискуваат нивни личен имот.
Во последниов период Мадрид го зајакна притисокот врз Барселона, со цел да го спречи одржувањето на новиот референдум за независност на Каталонија.
Анонимен претставник на шпанските власти наведе синоќа дека, Владата во Мадрид има направено доволно за да го дискредитира гласањето.
Анкетите покажуваат дека мнозинството Каталонци се против отцепувањето на регионот од Шпанија.
Според шпанскиот Устав, одржувањето на такви референдуми е незаконско.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка