Свет
27. October 2017 - 16:17

Шпанскиот Сенат во 16.30 часот ќе гласа за активирање на член 155

Шпанскиот Сенат, по денешната расправа за активирање на членот 155 од Уставот на земјата, што предвидува одземање на сите овластувања на каталонските власти, се очекува да спроведат гласање во 16.30 часот по локално време. 

Народната партија на шпанскиот премиер Маријано Рахој има мнозинство во Сенатот, со што голема е веројатноста активиранњето на членот да биде прифатено. 

Денешната седница на Сенатот почна во 10.00 часот.