Фудбал
3. February 2017 - 9:04

Шпански куп: Селта - Алавес без голови

Првиот полуфинален натпревар од шпанскиот куп „Копа дел Реј“ меѓу Селта и Алавес заврши без голови 0:0. Финалистот од овој двобој ќе биде познат по одигрувањето на реванш полуфиналето што се игра на 8.февруари.
Во средата Барселона го победи Атлетико Мадрид на негов терен со 2:1, а овие две екипи реваншот ќе го одиграат на 7.февруари.
Трофејот во ова натпреварување го брани Барселона.