Свет
11. October 2017 - 8:44

Шпанската Влада денеска со одговор до Пуџдемон

Шпанската Влада претпладне ќе има состанок на кој ќе одлучи за одговорот до обраќањето на Пуџдемон во каталонскиот парламент.

- Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон би требало да се врати на патот на законот ако сака да има разговори и тој нема право да наметнува посредување со владата, изјави синоќа Сораја Саенз де Сантамарија, заменичка на шпанскиот премиер.

Таа додаде дека Пуџдемон „не знае каде е, ниту каде оди, ниту со кого сака да оди“.

Претходно, Пуџдемон во обраќање во регионалниот парламент рече дека прифаќа „мандат на народот“ за отцепување на Шпанија, но од парламентот на Каталонија побарал таа одлука да ја поништи за да се даде повеќе време за преговори со Мадрид. Во обраќањето тој се воздржа од јасно барање за прогласување независност, но просторот за отцепување на Каталопнија го остави отворен.