Свет
21. August 2017 - 21:24

Шпанската полиција потврди дека е убиен Абујакуб, главниот осомничен за нападот во Барселона

Шпанската полиција потврди денеска дека е убиен Мароканецот Јанес Абујакуб (22) , главниот осомничен за извршување на минатонеделниот напад во Барселона. 

Претходно, каталонската полиција потврди дека денеска во Субиратс е убиен маж кој носел на себе нешто што личело на појас со експлозив. 

Во нападот што се случи во четвортокот на шеталиштетот „Ла Рамблас“ во Барселона и летувалиштето „Камбрилс“ се убиени 15 лица, а повредени се повеќе од 120 лица.