Свет
19. October 2017 - 11:10

Шпанија ќе ја суспендира независноста на Каталонија

Шпанија в сабота ќе почне постапка за укинување на автономијата на Каталонија, откако нејзиниот лидер Карлес Пуџдемон се закани дека ќе прогласи независност.

Во соопштението од канцеларијата на шпанскиот премиер се наведува дека владиниот кабинет ќе се состане в сабота, кога и ќе го активира Членот 155 од Уставот, со што се овозможува Мадрид да преземе контрола врз овој автономен регион.

Мариано Рахој

Претходно, Мадрид му даде рок на Пуџдемон денеска до 10 часот по локално време да ја повлече заканата за прогласување независност, а во спротивно Шпанија ќе ја укине автономијата на овој регион.

На само неколку минути пред истекување на ултиматумот, каталонскиот лидер денеска објави писмо, со што го игнорираше барањето на Шпанија.

Во писмото испратено вчера до шпанскиот премиер Маријано Рахој, а јавно објавено денеска неколку минути пред 10 часот, се наведува дека каталонскиот регионален парламент може да гласа за формално прогласување независност од Шпанија доколку централната власт одбие преговори со Барселона.

Пуџдемон Декларација

Странските медиуми оценуваат дека по ова најверојатно ќе се запали „искрата“ меѓу Мадрид и Барселона, а постојат стравување дека спорот може да прерасне и во граѓанска војна.