Свет
21. May 2017 - 13:41

Шпанија: Илјадници лица протестираа против премиерот Рахој

Илјадници лица синоќа се собраа на улиците на Мадрид со цел да го поддржат изгласувањето на недоверба за шпанскиот премиер Маријано Рахој, што го покрена екстремно левичарската партија „Подемос“. 

Оваа партија ги организираше протестити против Рахој од владејачката Народна партија, кој беше обвинет за корупција. 

Протестите под слоганот „Мораме да ги исфрлиме“ се одржани на плоштадот „Пуерта дел Сол“ во Мадрид.