Живот
25. April 2017 - 12:14

Шокантно: Се скаменила кога ја видела сликата од таткото на умирање на кутија цигари

Џоди Чарлс (42) ја видела сликата на својот покоен татко на кутија цигари кои ги пушел нејзин пријател. Чарлс се шокирала и сигурна е дека во прашање е сликата на нејзиниот татко на умирање, Давид Рос, кој починал во 2015 година во 66. година од животот.

Џоди исто така тврди дека не постои шанса покојниот Рос да дал согласност неговата фотографија да биде опомена на кутиите цигари. Рос во текот на животот бил пушач, но умрел од проблеми со неповрзана коскна срж, септикемија и лимфом, редок вид на леукемија на крвта.

Давид Рос помина 10 месеци во болница, каде бил приклучен на апарати. За тоа време веројатно некој го сликал несреќниот човек. Сликата на кутијата цигари покажува човек како без свест лежи во болнички кревет со цевки за дишење во устата.

Европската комиисја тврди дека во прашање е слика од некој друг маж, но Чарлс знае дека тоа е нејзиниот татко.