Живот
12. September 2016 - 18:31

Шокантно: Риба падна „од ведро небо“ и удри жена по глава

Лајза Лобри шетала во паркот кога слушнала шушкање на едно дрво и кога се доближила до него врз главата и паднал три килограми тежок сом.

Сведоци изјавија дека виделе и како орел или јастреб одлетал од дрвото во тој момент.

Можно е птицата да ја испуштила рибата која падната од височина од барем 15 метри и ја удрила Лобри, која поради тоа се здобила со повреди на лицето.

Таа изјави дека случката сега и е смешна, но дека во тој момент „не и било сеедно“.

- Би можело да биде многу полошо. Што ако удреше некое дете, ијзави Лобри.