Живот
2. December 2016 - 21:56

ШОКАНТНО: Лавот го растргна тренерот на сите страни, децата вриштеле во циркусот

LiveLeak објави шокантна снимка од напад на лав во циркус и тоа пред публика која воглавно биле деца. Тренерот починал во  болница два дена после нападот. 

Ислам Шанен(35) работел како тренер во циркус веќе 10 годин. За време на недоамнешниот настап во Египет изведе точка на која се концентрираше само на еден лав. Другиот го изненади, му скокна позади грб и го гризна за врат. Децата почнале да вриштат, некои дури и бегале од циркусот. Музиката престанала, а останале тренерите кои веднаш притрчале на помош. Го удирале лавот со  стапови. Од циркусот велат дека оснесувањето на лавот било поради сезоната на парење. 

Погледнете како изгледала таа кобна точка...