Шокантно е последното откритие на Хокинг што руши се што знаевме досега: Пред смртта откри паралелни универзуми
Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешницата, кој почина минатата недела, во своите последни денови заврши теоријата која објаснува како човештвото може да открие паралелни универзуми.
Неговите колеги откриваат дека завршниот академски труд на реномираниот теоретски физичар бил за да се одреди револуционерната математика која е потребна за вселенески брод да пронајде траги од повеќекратни паралелни универзуми.
Во прашање е трудот со назив „Мазен излез од вечната инфлација“, а моментално е на проверка пред објавувањето во „едно од најголемите светски научни списанија“.
Како што се наведува, овој труд може да биде најважното научно наследство на Хокинг.
Новиот труд се обидува да го реши проблемот кој хокинговата теорија „без граници“ од 1983 година ја опиша.
Според таа пресметка, универзумот веднаш се проширил од мала тошка во протитип на ова што денеска живееме, што е процес познат како инфлација.
Но теоријата исто така предвидува бескраен број големи потреси, од кој секој создава свој универзум.
Овој труд, доколу навистина доведе до некои докази, речиси сигурно на авторите ќе им донесе Нобелова награда, која Хокинг додека беше жив не ја доби. Сепак наградата не се доделува постхумно.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората