Балкан
25. јуни 2016 - 10:43

Шокантни детали за убиството: На телото на бремената девојка имало 45 убоди

Наместо планираната венчавка, заеднички живот и детето кое беше на пат, двајцата млади вчера беа погребани на селските гробишта со солзи и лелек од најблиските.
 
Милан Цимеш (24) на својата девојка Сабина(18), која била во третиот месец од бременоста и нанел дури 45 убоди со нож.
 
Оваа шокантна информација на семејството на починатата девојка и ја пренеле од Институтот за судска медицина во Нови Сад, а за српски „Блиц“ ја пренел Ѓорѓе Ѓурѓевиќ, пријател на очувот на Сабина.
Прво на вечно почивалиште во Бантски двор е испратена Сабина Вида (18) од која се простија мајката Жужана, нејзината две години постара сестра Лидија, браќата Стефан (8) и двегодишниот Леон како и очувот Ерне Ковач. Во дворот на нивниот скромен дом, плачеше и старо и младо. Немаше утеха ниту за таткото на Сабина Норберт.
 
Сабина со солзи во очите ја испратија и нејзините другари од основно и средно училиште.