Живот
6. July 2016 - 20:13

ШОКАНТНА ИСПОВЕД: Заљубена сум во својот внук и ќе имаме бебе

Перл Картер имала 18 години кога ја дала Линет на посвојување. Кога починала Линет позади себе го оставила својот син Фил, кој одлучил да ја побара својата баба. Перл, која е 46 години постара од нејзиниот внук, вели дека веднаш знаела дека нема да има нормален однос.

„Од првиот момент кога го погледнав знаев дена никогаш нема да имаме однос баба-внук. Прв пат после многу се чувствував сексуално жива“, вели Перл.

Својата прва недела ја поминале платонски, но тоа не траело. Перл признава дека го повикала Фил во својата спална соба и дека го бакнала очекувајќи реакција, но тој и го возвратил бакнежот и тие двајца од тогаш се нераздвојни, Тоа се случило две недели после нивното запознавање, кога поминале вечера со вечера и вино.

„Не ме интересира што зборат другите, ние се сакаме и наскоро ќе го држам својот син или ќерка, а Фил ќе биде горд татко“, додава Перл. Тие се договорите со 30 годишната Роксен Кемпбел да им биде сурогат мајка.

Фил вели дека осетил нешто чим ја видел Перл. Сакам да ја бакнам таму и тогаш. Ме преплавија чувства, ја сакам Перл со целото срце. Секогаш ме привлекувале постари жени и мислам дек Перл е прекрасна. Сега ќе станам татко и не можам да дочекам.

Кога ги прашаа како луѓето реагираат на нивната ситуација, Фил објасни: „Да, ни се смеат и не малтретираат кога сме во јавно и кога се бакнуваме, но нас не не интересира. Не можете да бирате во кого ќе се заљубите. Никому не му се извинувам и верувам дека Бог ми даде втора шанса“.