Живот
9. April 2016 - 18:58

Шокантна исповед на девојка со две вагини

Девојката е родена со две матки, два цервикса и две вагини, а за својата состојба заедно со своето момче одговараше на прашања од корисниците на социјалната мрежа Reddit.

Оваа девојка од 22 години која сакаше да остане анонимна одговраше на прашањата од луѓето кои ги интересираше нејзината несекојдневна состојба.

-Јас сум девојка во дваесетите години која е родена со двојна матка. Тоа го дознав на свои 16 години, а ми рекоа дека можам, да забременам во било која матка, вели девојката.

На прашањето дали породувањето за неа би било потешко и дали и е неопходен царски рез таа рече:

-Би се породила со царски рез зошто мојата матка е помала од нормалната и постои ризик од абортус, ограничен раст на бебето и предвремено породување, одговори таа.

Второто прашање се однесуваше дали првата бременост може да ја носи во една матка, а втората во другата.

-Читав дека една жена добила бебе од едната матка, а близинаци од другата, така што е можно.

Таа исто така откри дека има по еден јајцевод за секоја матка и дека уште има циклуси само еднаш месечно.

Секако, повеќе прашања имаше за нејзиниот сексуален живот и таа со задоволство одговараше.

-Мојот сексуален живот е добар, а чувството зависи од тоа во која вагина ќе пенетрира. Тие се наоѓаат една покрај друга, а бидејќи левата е пмала, при пенетрациајта чувствувам болка.

Нејзиното момче исто така одговараше на прашања и изјави дека поинакво е чувството при секс, зошто вагините се поинакви.

Тој откри и како дознал за состојбата на својата девојка: Пред да почнеме да се забавуваме, таа ми спомна дека има нешто што е многу ретко кај повеќето девојки, а по неколку минути нагаѓање, конечно открив за што станува збор, беше тоа интересен разговор.

Исто така додаде дека и не приметува дека девојката има две вагини, но при односот се труди да оди во десно, зошто тоа повеќе и одговара.