Балкан
22. јуни 2017 - 13:20

Шокантен пресврт во истрагата за убиство: Малечката Сара (14) е убиена од својата братучетка

Задарската тинејџерка Сара Чирјак (14) која почина во возило на Итната помош од многуте убодни рани по телото, била убиена од страна на нејзината братучетка од вујко, Ивана Чуде (27), заклучи полицијата.

Злосторството се случило на семејниот имот „Мала Мила“ во велебитското место Жуљине, а Чуде е во протвор под сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство и денеска ќе биде испитувана во карловачкото Жупаниско државно правобранителство.

Грачац: Овде се случи злосторството

Осум роднини на Сара се сослушани во средата во полицијата во Госпиќ, а сите искази упатуваат на Ивана. Инспекторите уште само ги мачи дали девојчето само го извршило убиството или имало соучесници. Ивана по злосторството исчезнала од имањето и 24 часа подоцна се појавила во родниот Затон Обровачки и со тоа привлекла сомнеж врз себе.

Во првата верзија, која роднините на жртвата ја раскажале во полиција, е дека девојчето паднало од кревет врз нож, но во тоа не верувал никој. Сара имала исеченици, а можеби и убоди по целиот граден кош. Лекарите велат дека станува збор за убодни рани со ладно оружје, веројатно нож, но се уште се чека мислењето од судска медицина.

Малечката Сара со семејството живеела во Задар, а летниот распуст го поминувала во вилата „Мала Мила“, каде доаѓал и нејзиниот вујко Богдан со семејството меѓу кои е и неговата постара Ќерка Ивана. Тие живеат во Затон Обровачки, а личките пријатели на Богдан велат дека бил исклучително добар и вреден човек.

-Знаете како е во нашите краеви, кога си православен, луѓето поинаку те гледаат, но Богдан отсекогаш сите го почитуваа. Многу се дружеше со луѓето, се спушташе по Велебит и собираше сено за животните во  Света Рока и никогаш не беше проблематичен, велат мештаните.

-Со Ивана имаше проблеми. Не и одеше на факултето, а семејството ја тераше да продолжи. Во сето тоа таа наводно психички се разболе и сепак се врати дома, велат блиски до семејството. Истрагата треба да утврди што ја навело да ја убие малолетната Сара.