Балкан
25. November 2016 - 13:05

Шокантен пресврт: Докторката која го лекуваше момчето кое почина од инфекција призна дека...

Педијатарот на Општата болница во Лозница доктор Милена Филиповиќ вчера рекла на сослушувањето во Обвинителството во Лозница дека забележила на раката на момчето Раденко Никодиновиќ дека има инфекција, но сепак чекала тоа да го  утврди и ортопедот Доктор Добривоје Бјовиќ. Таткото на Раденко вели дека е шокиран од изјавата на докторката Филиповиќ која индиректно признала дека не реагирала, иако ја забележила влошената состојба. 

- Докторката Филиповиќ мртва ладна рекла дека се посомневала дека раната ќе се инфексцира, но и дека чекала да го отврди тоа и докторот, кој бил следниот ден на работа. 

Како што рекла, иако детето имало температура не ги побарала резултатите од крвната слика бидејќи пиел антибиотици па клиничката слика не би била добра.

- Чесна беше само докторката Светлана Орбановиќ која веднаш ја забележи инфекцијата и не упати во Белград, раскажал таткото на детето кое почина поради инфекција.