Балкан
28. јуни 2017 - 9:54

Шок за возачите, поскапеа патарините

Во Хрватска од сабота – 1 јули, на сила стапуваат поскапи летни тарифи за патарина за патнички автомобили на авто-патишта, јавија хрватски медиуми.

Патарините до 30 септември ќе бидат за 10 отсто поскапи во однос на зимските тарифи, објави Вечерњи лист.

Од сабота патарината за возење по авто-патот од Загреб до Сплит со автомобил ќе чини 199 куни (26,8 евра) наместо 181 куна (24,4 евра). Патарината на релација Загреб – Риека ќе биде 77 куни (10,4 евра) што е за седум куни повизока во однос на зимската тарифа. Возењето од Загреб до Осиек ќе биде за 12 куни поскапо и ќе изнесува 134 куни (18,1 евро).