Балкан
18. October 2017 - 12:01

Шок: Вака монструмот ја убил Јелена - прво ја удрил по нозете, па ја влечел за коса, па потоа...

Личноста која ја убил Јелена Марјановиќ (33) и ја оставил во близина на каналот, имало оставени стапки, но до ден денеска сопственикот на стапките не е пронајден. 
 
Истражувачите се  сомневаат дека злосторникот најверојатно ги уништил чевлите кои биле крвави и каливи. 
 
Покрај тоа, од двете страни од каналот во кој е пронајдено телото на младата жена имало траги на крв, што вештакот и форензичарот ги навело до заклучок дека тоа е местото на злосторството. 
 
- Маицата на Јелена во која трчала била натопена со крв, наведува изворот. 
 
- Но во вода  поминала најмалку 10 часа. Нејзините чорапи биле распаднати, а траги од кал имала на главата. Вештаците утврдиле дека  кал имало и на пантолоните на нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ кој сега е осомничен за убиство на сопругата. Во анализата која ја направил полицискиот вештак се наведува дека земјата е од „сличен состав“. 
 
Анализата од калта надлежното обвинителство ја побарало јули минатата година. Интересно е дека пантолоните на Марјановиќ е пронајдена кал но не и крв. Посебна енигма која треба обвинителството да ја одгатне е фактот дека на телотот на убиената пејачка е пронајдена непозната ДНК. 
 
Утврдено е дека е машка ДНК, но и дека не припаѓа на ниту еден од членовите на семејството Марјановиќ. Сопственикот  на оваа биолошка трага која е најдена  на долната тренерка на пејачката и на нејзината рака, не е идентификувана до ден денеска. 
 
- Спрема досегашните реконстуирани случувања од тој ден, Јелена Марјановиќ жестоко се борела , наведува соговорникот. Таа е влечена 30 метри.Се сомнева дека злосторникот прво ја удрил со ногата и потоа паднала. Потоа ја повлекол за коса, па го извадил оружјето. После неколку метри и испаднал телефонот од џеб. 
Како што е утврдено, пејачката е влечена до каналот, но и таа успеала да побегне и да стигне до другата страна, наведува соговорникот. Тука на неа и паднала патиката. Злострникот тогаш успеал да ја фати дел од тренерката со едната рака, а со другата ја удрил со тап предмет  по главата и ја повлекол назад во вода. Тука на неа и нанел уште седум- осум удари. Черепот и пукнал на неколку места.