Џет-Сет
21. July 2017 - 9:14

Шок: Позната пејачка почина на сцена среде концерт

Француската пејачка Барбара Велден (35) починала среде концерт, пишуваат француските медиуми.

Иако причината за смртта сè уште не е позната, неколку медиуми објавија дека доживеала срцев удар.

Триесет и петгодишната пејачка настапувала пред црква во малото село Гудрон, во југозападна Франција.

Полицијата објави дека ќе ги истражи околностите за смртта. Според некои наводи починала од струен удар.

Оваа година Барбара го објави својот прв албум Le Grand H de l’Homme, а неодамна ја освои наградата за најдобар млад талент.