Живот
5. October 2015 - 23:30

Шок-бомба повреди новинарка - Сите се шокираа од тоа што го направи потоа!

Новинарка од либанската национална телевизија продолжи со работата откако шок бомба ја погоди во лице, јавува Гардијан.

Хана Махамед е погодена во лицето за време на судирот помеѓу израелската полиција и палестинските демонстранти во источен Ерусалим, а бомбата наводно ја испукала израелската полиција. Се појавија снимки на кои се гледа повредената Махамед, а кратко потоа е однесена во болница за да и се санираат повредите. 

Само неколку часа по случката, Махамед продолжила со работата и јавувањето за либанската телевизија Ал-Мајаден. До судирот дошло откако полицијата го привела таткото на млад Палестинец кој ранил млад Израелец.