Свет
22. February 2017 - 23:24

Шојгу: Русија веќе има специјални единици за водење на информациска војна

Покрај тоа што постојано се набавуваат нови ракети, авиони и тенкови, вооружените сили на Русија создаваат и специјални формации за водење на информациска војна, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Неговата изјава е дадена во време кога голем број западни земји ја обвинуваат Русија за хакерски напади. Тоа е прво признание дека Русија располага со такви силии.

- Пропагандата треба да биде умна, интелигентна  и ефикасна, истаклна генерал Шојгу.

Генерал Владимир Шаманов, кој е претседател на Комисијата за одбрана во Државната дума, истакна дека единиците за водење на информациска војна треба „да ги штитат интересите на националната одбрана“ и да спречуваат непријателски кибернапади.

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, посочи дека таквите единици ќе ги бранат информациските системи на Русија од непријателски напади, но нема да извршуваат кибернапади во странство.