Свет
23. December 2016 - 18:26

Шојгу: Русија испрати воена полиција во Алепо

Русија испрати баталјон на воена полиција во Алепо, кој ќе биде ангажиран за одржување на јавниот ред и мир во градот, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

- Испративме синоќа баталјон на воена полиција за да го одржи јавниот ред и мир на ослободените територии, истакна Шојгу.

Руски баталјон обично брои меѓу 300 и 400 војници, а воената полиција има задача да се грижи за редот и дисциплината во армијата.