Балкан
12. јуни 2016 - 9:57

Шлепер влета во куќа откако возачот почина зад воланот

 
Возачот на камион чиј идентитет се уште не е познат, настрада во несреќа која се случи денеска кај Жабљанскиот мост. Како што јавуваат српските медиуми, човекот починал зад воланот на шлеперот што го возел при што излетал од патот и се забил во куќа.
 
Несекојдневната несреќа се случи во попладневните часови, а наводно во несреќата е повредена една жена која е пренесена во болница. Шлеперот со регистарски таблички од Кикинда превезувал пченка која откако возилото се забило во куќата се растурила по патот.
 
Полицијата се уште официјално не се огласила за несреќата, а пожарникарите на местото на несреќата со помош на тешки машини го извлекуваа шлеперот и се обидуваа да допрат до несреќниот возач