Балкан
17. August 2016 - 12:50

Школски авион се урна во северозападна Турција

Две лица загинаа денеска при пад на тренажен авион во северозападниот турски округ Текирдаг, јави турската телевизија НТВ.

Авионот, којшто бил наменет за вежби и подучување на пилотите, полетал од аеродромот „Чорлу“. Летателото се урнало кусо потоа, од засега непознати причини.

Амбулантни и противпожарни возила се справуваат со последиците од инцидентот.