Loading Video...
Фудбал
25. November 2017 - 17:05

Шкендија убедливо со 6:1 ја совлада Ренова

 
 
 
 Екипата на Шкендија забележа убедлива победа над Ренова со 6:1 во воведниот натпревар од 17.коло на Првата македонска фудбалска лига. 
 
Иако тоа требаше де биде локално „тетовско дерби“ сепак тимот на Шкендија потврди дека во овокј момент е далеку поквалитетен противник од Ренова. 
 
Уште во 3 минута, серијата на голови ја отвори Бесарт Ибраими кој беше стрелец и на третиот гол на „црно-црнените“ во 33.минута, откако Ферхан Хасани   во 25.минута реализира пенал. 
 
Во вториот дел (47.минута) домаќините намалија преку Ненад Мишковски. 
Во продолжението од средбата фудбалерите на Шкандија постигнаа уште три гола и тоа преку Стенио Жуниор (48), Шефит Шефити (81) и повторно Хасани (89).  
 Со оваа победа и освоените три бода, извесно е дека Шкендија есенскиот дел од полусезоната ќе го заврши на првото место на табелата. 
 
Утре од 13 часот ќе се играат три натпревари. Во Битола, Пелистер го пречекува Шкупи. Во Кратово екипата на Силекс е домаќин на Работнички, а во дуелот на двете последно пласирани екипи ќе играат Скопје и Победа. 
 
Последниот меч од  17-тото коло меѓу Вардар и Академија Пандев ќе се игра на 10 декември. 
 
Табела:  Шкендија 43 бода (17 одиграни натпревари), Вардар 29 (14), Академија Пандев 25 (15), Силекс 25 (16), Работнички  20 (15), Шкупи 19 (16), Ренова 17 (17), Пелистер 15 (16), Победа 15 (16), Скопје 9 (16).