Фудбал
27. July 2017 - 21:32

Шкендија поразена од Тракаи

Екипата на Шкеднија од Тетово вечерва претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето во Литванија во рамките на првиот натпревар од 3.коло од квалификациите од Лига Европа.
Литванската екипа Тракаи поведе во 2.минута по грешка на одбраната на тетовчани со 1:0, а стрелец беше Максим Максимов. Шкендија изедначи во 39.минута преки Стенио Жуниор, а голот за победа на Тракаи го постигна Максимов во 52.минута.
Екипата на Шкендија дуелот го заврши со девет играчи откако црвени картони добија Жуниор во 57.минута и Адриан Цуцули 62.минута (втор жолт картон).
Реванш дуелот се игра на 3.август во Струмица.