Фудбал
5. October 2016 - 14:03

Шишковски и Велковски со А репрезентацијата за дуелот со Израел

Репрезентативците на Македонија до 21 година, Дарко Велковски и Дамјан Шишковски ќе се стават на располагање во најдобриот наш национален тим за натпреварот со Израел на 6. октомври во Скопје. Игор Ангеловски и Благоја Милевски, селекторите на Македонија во заеднички договор се согласија дека двајцата фудбалери можат да помогнат доколку е потребно за натпреварот кој го играме на домашен терен. 
 
-      Ова е уште една потврда за нашата добра соработка. Се согласивме дека доколку има потреба Велковски и Шишковски можат да помогнат и да бидат во комбинација за настап за А репрезентацијата. По завршувањето на натпреварот со Израел двајцата повторно ќе бидат во селекцијата до 21 година, истакнаа предводниците на репрезентацијата до 21 година и селекторот на А репрезентацијата.