Македонија
20. January 2017 - 13:17

Шимшек: Решавањето на сириската криза без Асад во моментов е нереално

Турција оценува дека решавањето на сириската криза без претседателот на Сирија Башар ал Асад во моментов е нереално, изјави турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек во рамки на светскиот економски форум во Давос. 

- За страдањата на сирискиот народ е виновен Асад, но ние треба да бидеме прагматични, да се потпреме на реалноста. Ситуацијата радикално се промени, па поради тоа Турција не може веќе да настојува за решавање на сириската криза  без Асад. Тоа не е реално, истакна Шимшек. 

- Сметам дека ние треба да работиме со тоа што го имаме. Со тоа се занимаваат со успех Русија, Иран, Турција и САД, додаде турскиот вицепремиер.

На 30 декември 2016 година на целата територија на Сирија стапи во сила режимот на прекинување на воените дејствија. 

Кон договорот се приклучија владината војска и групи на вооружената опозиција, со бројност од над 60.000 луѓе. 

Гаранти на примирјето се Русија и Турција. Меѓусириските преговори се планирани на 23 јануари во Астана