Македонија
22. February 2018 - 13:25

Шилегов за Ќосето: На местото на споменикот дрво „за човекови права“

На местото каде што стоеше постамент со спомен обележје на Андон Јанев Ќосето за кој се констатираше дека е дивоградба, ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации. За ова денеска информираше на прес-конференција Петре Шилегов.

Шилегов вели дивоградбите веќе нема да се толерираат во Скопје, а за времето кога е отстранет споменикот вели дека тоа е сторено во доцните часови за да не се кочи сообраќајот на улицата, поради трите големи возила што беа донесени за отстранувањето.

- „Постаментот од минатата влада беше поставен „шверцерски“ во раните утрински часови, без никој да види, бидејќи знаеле дека е дивоградба“, рече Шилегов.