Македонија
21. May 2016 - 16:15

Шилегов: Пешевски криел дека поседува компанија на Кипар

Прво, Пешевски молчи зошто не ја пријавил компанијата од Кипар во Анкетниот лист. Второ, Пешевски молчи за приходите преку кипарската фирма и колку данок платил за тие приходи во Македонија. Трето, Пешевски молчи како од сите фирми на светот, станал директор баш на офф-шор фирма од Кипар. Омилени фирми за врвот на владата и ВМРО-ДПМНЕ се офф-шор копаниите и рајските  дестинации коишто ги кријат вистинските сопственици и трансферите на парите. Пешевски мора да сноси одговорност, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.