Шилегов: Одложувањето на притворот им овозможи на Грујовски и Бошковски да избегаат
Потпретседателот на СДСМ Петре Шилегов денеска изјави дека одложувањето на притворите до правосилноста на решенијата за притвор им овозможиле на обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски во случаите „Таргет“ и Тврдина“ на СЈО, да избегаат.
Шилегов оцени дека судските органи, пред се Апелацискиот и Врховниот суд, се ставиле во директна заштита на криминалот.
- Смисленото бегство на Грујовски и Бошковски е доказ за нивниот страв од соочување со правдата и ги потврдува основаните сомненија за нивната вмешаност во делата за кои се товарат. Со недостапноста на обвинетите се потврдија основаноста и оправданоста за донесената мерка притвор. Но, истовремено, со ова се остава простор за останатите обвинети во случаите коишто ги води Специјалното јавно обвинителство за кои наместо притвор се донесени мерки на претпазливост, во секој момент да можат да избегаат и да станат недостапни, рече Шилегов.
Тој додаде дека со ваквите постапки се урива довербата на граѓаните во правосудството.
- Срамното и криминално работење на Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд само ги потврди тврдењата на СДСМ дека дел од судството работи под партиска контрола и единствено во функција за заштита на криминалците. СДСМ како во изминатиот период, така и во иднина, ќе работи на професионализација на институциите, но и на покренување постапки за одговорност на судиите и судските органи кои работат непрофесионално, недоследно и во заштита на криминалот, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња