Македонија
4. December 2017 - 16:19

Шилегов и МВР со различни информации за контролата на Водно

До Средно Водно вчера повторно се одвиваше сообраќај.. Изостана спроведувањето на забраната за движење на возилата воведена од Градот Скопје.. Според информацијата објавена од градските власти ова се случило поради недостиг на сообраќајни полицајци кои ќе ја спроведат забраната.. Денеска МВР не ја потврди оваа информација..
 
Во известувањето испратено до Сител наведуваат дека се превземаат мерки за спроведување на одлуката но не откриваат дали вчера сообраќајците биле на терен за реализавија на забраната за движење на возилата кон Водно.. 
 
За време на викенди и државни празници во континуитет во различни временски интервали се превземаа и ќе се превземаат соодветните законски мерки (кон сите учесници во сообраќајот)  согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се вели во известувањето од СВР Скопје..
 
Наспроти одговорот од МВР, Шилегов потврди дека вчера градот Скопје добил известување од сообраќајната полиција во кое наведува дека не е во можност да постави патроли ќе ја спроведат забраната за движење кон Водно..
 
Инаку забраната за движење на возила на Водно во текот на викендите и државните празници, се применува од крајот на минатиот месец..
 
Со одлука на градскиот совет до излетничкото место може да се пристигне единствено со автобусите на ЈСП или пак пеш од крстосницата кон Сопиште и паркингот кај манастирот Света Богородица.. Според градските власти, со овој чекор ќе се намалело загадувањето на воздухот во Скопје..