Свет
23. January 2017 - 10:24

Шестмина загинати во уривање на хеликоптер во Камерун

Хеликоптер кој бил дел од борбите со екстремистичката група „Боко харам", се урна близу границата на Камерун со Нигерија, при што загинаа шест лица, меѓу кои и висок камерунски воен генерал, пренесува БТА.

При несреќата загинале еден командант на камерунското Воено воздухопловство, тројца други високи воени лица и двајца војници.

Повеќе држави со свои војски учествуваат во борбата против „Боко харам", која има претензии да го прошири своето влијание вон Нигерија, кон нејзините соседи.