Свет
24. January 2017 - 17:38

Шестмина загинати во хеликоптерската несреќа во Италија

Загинаа сите шестмина патници и членови на екипажот во хеликоптерот што се урна во централна Италија, а им припаѓаше на италијанските спасувачки служби, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

Спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата и ги собрале телата на жртвите.

Хеликоптерот се урнал во регионот меѓу општините Аквила и Кампо Феличе. Тој не учествувал ниту во спасувачка операција во затрупаниот хотел од лавината во општината Фариндола, ниту во укажувањето помош на луѓето кои настрадаа во минатонеделниот земјотрес во централна Италија.

Хеликоптерот евакуирал ранет скијач од писта и паднал од височина од 600 метри.