Ракомет
19. January 2018 - 10:57

Шести предлог: Ракометна Македонија!

И додека во сенка на Европското првенство во ракомет се преговара за ново име на нашата држава во Хрватска нашите репрезентативци секаде се пречекани и поздравени како Македонци а репрезентацијата ословувана како Македонија.
Хрватските медиуми пренесуваат дека на маса се 5 нови имиња за нашата држава , Република Нова Македонија, Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Вардарска Република Македонија и Република Македонија (Скопје) и дека тоа се предлози на медијаторот Метју Нимиц...
Не знаеме многу за политиката но овие денови нашата мила држава е Ракометна Македонија,  наши херои ракометарите а наше огледало во светот верните фанови...
Ако не ви текнува, не е само политиката средство за битка за Македонија...

Зоран Николовски