Свет
27. March 2017 - 11:52

Шест ученици загинаа во лавина во Јапонија

Шест ученици од средно училиште се пронајдени мртви, а тројца се повредени, откако ги затрупа лавина додека планинареле на планина во градот Насу, во префектурата Точиги, на 120 километри од Токио, соопштија денеска локалните власти.

Според дел од јапонските медиуми, во лавината живото го изгубиле и двајца наставници.

Властите во префектурата Точиги информираа дека околу 50 ученици и 11 наставници од седум средни училишта биле на планинарење.