Македонија
13. March 2016 - 17:00

Шест месеци зонско паркирање не придонесе за подобар сообраќај во Тетово

Иако повеќе од шест месеци е воведено зонското паркирање како една од мерките за подобрување на сообраќајот во Тетово, состојбата не е сменета, оценуваат граѓаните.

И понатаму има метеж по улиците,  неправилно паркирање, се уште се чувствува недостигот на паркинг места и слично.

Во општинските служби сметаат дека зонското паркирање дава резултати.

Стручните лица од областа на сообраќајот потенцираат дека потребни се уште промени во патната инфраструктура за подобрување на сообраќајот во градот.

Воведување на јавен превоз со автобуси и комби возила е една од мерките кои долго време се најавуваат од општината.