-->
-->
Шест играчи на Олимпијакос нема да играат за своите репрезентации
-->
Шестмина кошаркари на грчкиот клуб Олимпијакос нема да играа за своите земји во претстојните квалификации за Европското првенство.
Грците, Јоргос Принтезис, Вангелис Манцарис, Костас Панаколау и Јанис Папарету, како и Србинот, Никола Милутинов и Јаникс Стрелниекс од Летонија, нема да настапат за своите репрезентации, иако селекторите на нивните земји ги имаа повикано за престојните квалигфикации.
„Од секогаш сме се ставале на располагање на нашите репрезентации. По четири-пет недели бевме одвоени од семејствата, напорно работевме и пожртвувано и гордо игравме за своите земји, не размислувајќи на заморот или опасноста од повреди. Но, овој пат не можеме да ги пропуштиме обврските на нашиот клуб,кои ги имаме во Евролигата. Се надеваме дека наскоро недоразбирањата ќе се надминат и дека повторно ќе можеме да настапуваме за репрезентацијата“, пишува во заедничкото писмо кое го испратија шестмината кошаркари на Олимпијакос.
Ова е втора поголема група на играчи кои на ваков начин го откажаа настапот за своите селекции, откако тоа први го сторија репрезентативците на своите земји, кои се членови на шампионот во Евролигата, турскиот Фенербахче.
Квалификациите за ЕП 2021 година започнуваат кон крајот на месецов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација