Фудбал
12. August 2017 - 16:18

Шест гола на мечот Вотфорд – Ливерпул кој заврши без победник

 
 
Првите два натпревари воведното 1.коло на англиската Премиер лига, најавуваат ефикасна сезона. Откако вчера на дуелот Арсенал - Лестер беа постигнати седум, денеска на денеска на мечот Ватфорд и Ливерпул беа постигнати шест гола.
 
Дуелот меѓу Вотфорд и Ливерпул заврши без победник 3-3. Домаќините со головите на Стефано Окака (8.минута) и Абдулаје Дукуре (32) иако во два наврати имаа предност. 
 
Сепак,  Ливерпул успеа да направи пресврт со погодоците на Садио Мане (29), Роберто Фирмино (55) од пенал и Мохамед Салаx (57), но не и да се радува на победа. 
 
За тоа се погрижи Мигел Бритос кој со погодокот во третата минута од судиското дополнение (90+3) го постави конечниот резултат Вотфорд – Ливерпул 3-3