Македонија
20. December 2016 - 20:01

Шеснаесет години затвор за убиството на охриѓанецот Матилоски

16 години казна затвор доби 29 годишниот Бојан Угреновиќ од Краљево за убиство на младиот охриѓанец Димитар Матилоски. Основниот суд Oхрид денес го прогласи виновен ,судијата Весна Кичеец му одреди ефективна заторска казна ,Угреновиќ на првотот и единстено рочиште пред само неколку дена ја призна вината и изрази каење за стореното дело.Адвокатот на оштетените побара максимална казна за да се стави крај на убиставата и тепачките во главниот туристички центар.Семејството Матилоски задоволни од пресудата велат дека болката е неизмерна а празнината ненадоместлива.

Инаку 26 годишниот охриѓанец за време на новогодишната ноќ до смрт на брутален начин беше претепан од страна на српскиот државјанин  пред кафулето Табана во непосредна близина на неговиот дом .