Шекеринска: Догодина повисоки плати и подобри услови за АРМ
Припадниците на армијата мора да знаат дека ќе бидат ценети според својата способност и знаење, а не според фаворизирање на поединци или политички партии, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со припадниците на Полкот за специјални операции при АРМ.
- Тоа што го најавивме ќе го реализираме. Буџетот за 2018 година влезе во собраниска процедура и тој потврдува дека Владата и јас како министерка за одбрана ќе го реализираме она на што се обврзавме, а тоа е обезбедување средства за зголемување на платите за сите кои се во служба на армијата на Македонија во износ од 10 проценти, истакна Шекеринска и додаде дека за тоа се обезбедени 300 милиони денари.
Министерката на средбата била брифирана за потребите на „волците“, кои во кругот на касарната Илинден изведоа показана вежба, а се разговарало и професионалните и објективни стандарди на АРМ.
- Дополнително во буџетот обезбедивме средства со кои ќе се подобрат условите и средствата на припадниците на армијата. Имавме прилика да видиме униформи на некои армии замји членки на НАТО, но и искинати униформи кои после години на негрижа се уште ги користат војниците на АРМ, рече Шекеринска.
За наредната година најави и два конкурса за нови професионални војници и нагласи дека шанса за вработување во елитните единици на АРМ ќе има секој поединец кој ќе ги исполни сите ригорозни услови.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари