Шефот на словенечката дипломатија предупредува на нов, поголем бегалски бран
Словенија успешно одговори на првиот поголем прилив на бегалци, но сега може да се очекува нов бран, уште поголем, предупреди словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец.
Тој на Конференцијата за бегалци и миграциските текови во источниот Медитеран и Западен Балкан која се одржува во Луксембург истакна дека ваквите очекувања се засноваат врз податоците од грчко-македонската граница, која вчера ја преминале 10.000 бегалци.
Ерјавец нагласи дека „Словенија би можела да се најде во проблеми и доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан го спроведе планот за затворање на границата со Хрватска“.
- Факт е дека во Србија има околу 150.000 бегалци, а дека грчко-македонската граница ја преминале нови 10.000 лица. Сите овие луѓе одат некаде, остакна шефот на словенечката дипломатија, додавајќи дека развојот на ситуацијата зависи од потезите на Германија, Австрија и другите земји кон кои се упатиле бегалците.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори