Македонија
15. January 2016 - 16:21

Шефот на холандската дипломатија ги претстави плановите идните шест месеци

Министерот за надворешни рбаоти на Холандија, Берт Кундерс, синоќа пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ги претстави приоритетите на Холандското претседателство со Европската унија во претстојните шест месеци, при што говореше и за процесот на проширување и учеството во истиот на Република Македонија. Кундерс, кој невообичаено за политичар на земја што ја условува Македонија со нејзиното уставно име, во Европарламентот ја користеше навредливата кратенка “ФИРОМ”. Притоа, тој порача дека Советот на ЕУ смета дека имплементацијата на политичкиот договор од јуни и јули и слободни и фер избори во април 2016 се клучни за враќање на довербата на јавноста во политичкиот систем”.

- Кога станува збор за процесот за асоцијација и стабилизација со БЈРМ, ние сериозно сме загрижени од кршливата политичка состојба што влијаеше и на реформскиот процес на пристапување кон ЕУ. Знам дека овој парламент и неговите членови беа и повеќе од активни во помагањето, не само да оценат, туку и да ја разрешат оваа ситуација во БЈРМ. Имплементацијата на политичкиот договор од јуни и јули слободни и фер избори во април 2016, како и имплементацијата на итните реформски приоритети на Европската комисија, според нас се клучни за враќање на довербата на јавноста во политичкиот систем - порача Кундерс.

Во однос на целиот процес на проширување на Европската унија, кој во времето на претседателствување на Жан-Клод Јункер со Европската комисија е “замрзнат” најмалку за пет години, министерот Кундерс порача дека целта на Холандија како претседавач со Унијата е “да се осигура дека кандидатските земји се целосно подготвени за да ја превземат сопствената одговорност како држава-членка кога ќе и се приклучат на ЕУ”.

- Во исто време мораме да се осигураме дека кандидатските земји се целосно подготвени за да ја превземат својата одговорност како држава-членка кога ќе и се приклучат на ЕУ. Треба да се знае дека и самата ЕУ треба да биде во состојба да ја интегрира таа нова членка. Затоа, претседателството дава голема важност на кредибилитетот на целиот овој процес и ние ќе се држиме до принципот на условеност и на индивидуалните заслуги. Динамиката на преговорите ќе биде поставена, се разбира од страна со прогресот на самите кандидати и основните реформи, посебно во клучни области како владеење на правото и основните права. Ние го нарекуваме ова стриктно, но фер. Стриктно, бидејќи стриктно значи дека сите услови треба да бидат исполнети, без “но” и “или” и кандидатските земји самите имаат одговорност во исполнувањето на критериумите. А, фер значи дека кандидатските земји се помогнати од ЕУ на сериозен начин, според нивните потреби и почитуваните политички случувања. Со техничка и финансиска помош за ралзичните процеси на реформа и промени. Но, тоа значи дека ЕУ мора даги задржи своите ветувања и да одлучи позитивно кога земјата ги исполнува критериуите да премине во следниот чекор на процесот на проширување – рече Кундерс.

- Според заклучокот на последниот Самит на Европскиот совет во декември минатата година, ЕУ ќе се наврати на прашањето за овозможување на почеток на преговорите за членство на Република Македонија во Унијата, откако Еврокомисијата ќе издаде вонреден извештај по предвремените парламентарни избори во земјата во април годинава, како и исполнетите барања во однос на итните реформски приоритети што неформалната Влада на ЕУ и ги испорача на Македонија пред шест месеци.

Комисијата ќе издаде вонреден извештај по предвремените парламентарни избори во земјата во април годинава, како и исполнетите барања во однос на итните реформски приоритети што неформалната Влада на ЕУ и ги испорача на Македонија пред шест месеци.