Балкан
14. February 2018 - 14:19

Шефот на германската дипломатија во посета на Косово

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Косово, соопшти Амбасадата на Германија во Приштина.

За време на посетата Габриел ќе има средби со косовскиот државен врв, како и со претставници на граѓанскиот сектор.

Според најавата, вечерва Габриел треба да се сретне со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, а останатите средби се предвидени за утре.

Габриел на функцијата шеф на германската дипломатија е од јануари 2017 година. Ова е негова втора посета на Косово, по онаа лани во април.