Свет
2. March 2017 - 16:43

Шефот на германската дипломатија ќе ја посети Москва

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел следната недела ќе отпатува во Москва на официјална средба со неговиот руски колега Сергеј Лавров, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според извори во руското Министерство за надворешни работи, на средбата ќе стане збор за состојбата и можните решенија на сириската криза и за ситуацијата во Украина и Либија.

Вчера Габриел од Талин порача дека Германија и другите земји членки на НАТО немаат цврст договор да одвојуваат по два отсто од своите буџети за потребите на Алијансата, туку дека ќе се стремат кон оваа цел без конкретни обврски.