Свет
14. November 2017 - 9:37

Шеесет и седум загинати во жестоки судири меѓу талибанците и полицијата во Авганистан

Авганистанската полиција соопшти дека во текот на минатата ноќ талибанските борци нападнале петнаесетина нејзини контролни пунктови во покраината Кандахар, при што се убиени 22 полицајци.

Полицијата наведува дека 15 полицајци се повредени во борбите околу тие пунктови, од кои некои траеле со часови.

Во судирите загинале 45 талибанци, а 35 се повередни, се додава во полициското соопштение.