-->
-->
Шарапова дефинитивно не ја примаат на Ролан Гарос!
-->
Француската тениска федерација (ФФТ) неколку недели размислуваше и на крајот реши да не и додели специјална покана на Марија Шарапова за настап на овогодишното издание на Ролан Гарос.
Шарапова неодамна се врати на тениската сцена, по 15-месечната суспензија поради допинг. Таа очекуваше да добие „вајлд карта“ за настап на Ролан Гарос, Гренд слем на кој го има освоено во 2012 и 2014, а откако не ја доби стана јасно дека годинава нема да учествува на Отвореното првенство на Франција бидејќи е 211. на ВТА листата и нема право да настапи ниту во квалификациите.
„Специјални покани се даваат на натпреварувачи кои се враќаат по пауза поради повреда, но не и на оние кои отсуствувале поради суспензија. Можеби во моментов е разочарана, но мојата одговорност е да го штитам тенисот и играта“, рекол претседателот на ФФТ, Бернард Зудичели.
На новинарско прашање зошто не добила специјална покана за настап во квалификациите, првиот човек на ФФТ рекол: „Добивање вајлд карт“ за настап во квалификациите би била навреда и за неа и за турнирот“.
Тој дополнил дека сакал лично да и ја соопшти одлуката, а не истата да биде објавена во живо на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Ја барав Шарапова трипати, но не можев да ја добијам. Не се јавуваше на телефон“, заклучил Зудичели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени